По разделбата со Горан Кузманоски – Таста, во ракометниот машки суперлигаш Прилеп се во преговори со неколку кандидати за местото шеф на Стручниот штаб. Во прилепскиот клуб очекуваат одлуката околу новиот стратег да се случи на почетокот од наредната недела. Тогаш ќе биде појасно и околу играчкиот кадар што треба да се бори за одбрана на суперлигашкиот статус во следната сезона, односно, кои играчи остануваат, кои заминуваат, а кои доаѓаат. Новиот тренер ќе го одреди датумот за почеток на тренинзите.
Ракометниот клуб Прилеп откако влезе во највисокиот ранг има само една прволигашка сезона, а следната ќе му биде осма суперлигашка.