Претпоследното, 25. коло од Третата фудбалска лига – Југ дефинитивно го донесе шампионот. Тоа е досегашниот лидер во лигата, неготински Вардар. Оваа екипа денеска со 4:0 го совлада Динамо од Мажучиште на теренот со вештачка трева во Прилеп, така што со освоените 62 бода е недостижна на табелата на едно коло пред крајот. Стрелци за Вардар беа: Петар Најдов 13. и 33., Дарко Мојсовски 18., Ѓорѓи Шишков 85. Убав успех за клубот, чиј претседател е Сашо Крстев, некогашен фудбалер на повеќе екипи, меѓу кои и прилепска Победа. Вардар пехарот за првото место ќе го прими в среда, на мечот дома со Возарци. Потоа следи бараж-мечот за Втора лига.
РЕЗУЛТАТИ 25. КОЛО: Динамо – Вардар 0:4, Младост – Питу Гули 0:1, Ново Црнилиште – Обршани (најверојатно 3:0 сл.), Големо Коњари – Росоман 0:4, Возарци – Превалец 1:6, Слога – Бучин 3:4.
ТАБЕЛА: Вардар 62, Превалец 57, Росоман и Питу Гули по 46, Ново Црнилиште 38, Големо Коњари 33, Марена 32, Динамо 28, Слога 26, Младост 22, Бучин 18, Обршани 15, Возарци 6.
ПОСЛЕДНО 26. КОЛО (среда, 17,30 ч.): Питу Гули – Слога, Бучин – Динамо, Вардар – Возарци, Превалец – Големо Коњари, Марена – Ново Црнилиште, Обршани – Младост.