Фудбал

РАДОСТ ЗА ГОЛ СО ФРЛАЊЕ ШИШЕ В ТЕРЕН!

Еден од поинтресните натпревари од 15. коло на Третата фудбалска лига – Југ се одигра во Бучин помеѓу домашниот истоимен тим и Големо Коњари. Се до 64. минута беше почетниот резултат, а тогаш Александар Србиноски ги доведе домашните во водство од 1:0. Радоста за голот е необична – неодговорно лице фрла шише в терен, што е објавено во записникот од овој натпревар. Шест минути подоцна на 2:0 зголеми Бојан Мицески, а само две минути се чекаше и на третиот гол, пак дело на Александар Србиноски. За да не биде висок поразот на големокоњарците придонесоа головите во финишот, на капитенот Николче Касниоски во 83. и на Петар Петроски во 85. минута.

РЕЗУЛТАТИ 15. КОЛО: Бучин – Големо Коњари 3:2, Динамо – Питу Гули 0:3, Слога – Возарци 4:1, Превалец – Ново Црнилиште 4:2, Росоман – Младост 2:1, Марена – Обршани 5:1.

ТАБЕЛА: Вардар и Превалец по 32, Питу Гули 28, Росоман 27, Ново Црнилиште 24, Големо Коњари 22, Динамо 18, Марена 17, Слога 16, Бучин 13, Обршани 11, Младост 10, Возарци 0.

ЗАОСТАНАТИ НАТПРЕВАРИ 14. КОЛО (среда 17 ч.): Големо Коњари – Вардар (се игра во Неготино), Возарци – Бучин, Марена – Слога.

СЛЕДНО 16. КОЛО: Ново Црнилиште – Вардар, Питу Гули – Марена, Обршани – Росоман, Младост – Превалец, Големо Коњари – Слога, Возарци – Динамо.

ДРУГИ СПОРТСКИ РЕЗУЛТАТИ ОД ПРЕТХОДНИОВ ВИКЕНД

ФУДБАЛ

Прва женска лига, 17. коло

Деспина – Борец 1:3, Тиверија – Љуботен 1:1, Саса – Ас унитед 3:0, Скопје – Топ гол 5:1, Речица – Истатов 2:4, Атлетико – Шкендија 1:2.

РАКОМЕТ

Супер лига мажи плеј—аут, 7. коло

Прилеп – Скопје 29:25, Струга – Пролет 31:32.

Супер лига жени плеј-оф, 11. коло

Чаир – Деспина 31:27, Куманово – Стружанка 32:22, Металург – Пелистер 41:16, Ѓорче Петров – Вардар (понеделник, 2 мај)

Од категоријата

ДЕСПИНА СЕ ИЗВИШИ ДО 4. МЕСТО!

Зоран Иге

(фото) И ОФС ПРИЛЕП ИМА СУПЕР КУП-ПОБЕДНИК!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: СУДИР НА ДВА ТИМА ВО ПОДЕМ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе