На табелата од младинската фудбалска Супер лига првото место е за прилепска Победа. Не е никакво изненадување ако се има предвид дека овој тим има победоносна серија од девет меча, од кои во последните пет има гол-разлика од 26:0! Последен денеска во Прилеп настрада скопскиот тим Кул здравје со 5:0, со головите на Филип Тодороски во 24., 56. и 84. минута, на Давид Дебрешлиоски во 40. и 63. На табелата по 21. коло Победа и Вардар имаат по 46 бода, но прилепчани се со подобра гол-разлика и одигран еден меч помалку. Трета е Шкендија со 44 бода и таа со меч повеќе од Победа. Во ова коло Вардар го совлада на гости Шкупи со 2:1.
Во следното 22. коло Вардар и гостува на четвртопласираната Академија Пандев во Струмица, а Победа на Шкендија во Тетово.