Фудбал

ДВАЈЦА ПОТПИШАА ЗА ПОБЕДА, ЌЕ ИМА УШТЕ

Прволигашот Победа објави за пристапување на двајца нови фудбалери. Првиот е Методија Делов од Тиквеш. 29-годишниот централен дефанзивец. Има настапувано за Кожуф и Вардар Неготино, како и во Бугарија. Вториот новодојден е Христијан Коцев од Македонија ЃП, 22-годишен фудбалер кој настапува по левата страна. Претходно играл за Осогово и Кораби. Од утре натаму се очекува уште засилувања во тимот на тренерот Бобан Бабунски со оглед на тоа што повеќемина фудбалери, домашни и од странство имаат намера да пристапат во прилепскиот прволигаш. Од друга страна, клубот летово се разделил со Оливер Христов, Дарко Анѓелески, Борче Сркески, Давид Јошески, Марио Дебрешлиоски, Филип Димоски и Даниел Карчески.

Победа одигра два пријателски меча, со Брегалница и Работнички, а третиот е задутре во Маврово, со косовскиот суперлигаш Приштина.

Од категоријата

СЕДУМ ГОЛА ВО СТРУМИЦА

Зоран Иге

УШТЕ ЕДЕН СТРУМИЧКО-ПРИЛЕПСКИ ДУЕЛ ДЕНЕСКА!

Зоран Иге

(ФОТО+ВИДЕО+СТАТИСТИКА) СМЕШЕН ПЕНАЛ МУ ЈА ОЛЕСНИ ЗАДАЧАТА НА СИЛЕКС!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе