Фудбал

КАРЧЕСКИ: НЕ ЧЕКА АМБИЕНТ ОД ИЛЈАДНИЦИ ГЛЕДАЧИ ВО ПРИЛЕП!

Претстои соседското фудбалско прволигашко дерби Победа – Тиквеш. Очекувањето е за исполнети трибини на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ затоа што покрај прилепски, најавени се и гледачи од Кавадарци. Интересно е што во составот на Тиквеш се двајца прилепчани, Стефан Наумчески и Даниел Карчески.

– Чувството е специфично затоа што првпат ми се случува да играм против Победа. До вчера сум ги бранел боите на тој клуб, сум одиграл 270 официјални натпревари, сум бил капитен и не е сеедно. Но, таков е фудбалот. Сигурно ќе дадам се од себе на овој меч. Како Победа што оди на три бода, така и ние. Знаеме што не чека во Прилеп. амбиент од илјадници гледачи. Тоа е мотивација за добра игра – вели Карчески.

Во Победа е еден кавадарчанец – Методија Делов.

Од категоријата

ТРИ ГОЛА КАКО ЗАГРЕВАЊЕ ЗА КУПОТ! (фото)

Зоран Иге

ПЕНАЛ ЈА СВРТИ НАОПАКУ ИГРАТА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

(стрелци, резултати, табела) ЧЕТИРИ-ПЕТ ВО ЕРЕКОВЦИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе