Фудбал

ЕУФОРИЈА ЗА СЕКОЈ ПЕХАР ВО ПРИЛЕП!

Малите фудбалерчиња предизвикаа големо задоволство кај гледачите на фудбалскиот турнир „Прилеп куп 2022“, организиран од ФК Прилеп и Општина Прилеп. Имаше огромна радост за секој гол и убав потег, еуфорија за секој освоен пехар. Три дена прилепчаните и гостите од повеќе места од државава уживаа во убавините на фудбалската игра, гледајќи ја дарбата што ја имаат децата за овој спорт. Најмногу први места – три освоија битолчаните (две Пелистер, едно Талент БТ), по едно прилепски Перак, охридски Фер-плеј и штипски Мал Ајакс.

И времето, природата како да го сака премногу фудбалот па помогна со најпрецизна точност. Вчера точно во секундата кога завршија сите мечеви се истури дождот, а денеска заврна силно дури откако се доделија наградите и беше означен крајот.

ПЛАСМАНИ

2014: ПЕРАК (Прилеп), Пелистер (Битола), Атлетико (Битола), Тони (Прилеп).

Финале Перак – Пелистер 2:1, за 3. место Атлетико – Тони 2:0. Најдобар голман Теодор Јорданоски (Перак), најдобар играч Петар Тофилоски (Перак).

2013: ФЕР-ПЛЕЈ (Охрид), Тони, Пелистер, Фудбал старс (Кочани).

Финале Фер-плеј – Тони 4:2, за 3. место Пелистер – Фудбал старс 3:2 на пенали (0:0). Најдобар голман Тимотеј Ингилизов (Тони), најдобар играч Марко Маркоски (Фер-плеј).

2012: ПЕЛИСТЕР, ЛГ Битола, Фер-плеј, Еден на еден (Могила).

Финале Пелистер – ЛГ Битола 3:2, за 3. место Фер-плеј – Еден на еден 3:1. Најдобар голман Зини Клења (ЛГ Битола), најдобар играч Евгениј Василев (Пелистер).

2011: МАЛ АЈАКС (Штип), Пелистер, Академија Еврогол (Прилеп), Караорман (Струга).

Финале Мал Ајакс – Пелистер 3:2, за 3. место Академија Еврогол – Караорман 5:4. Најдобар голман Огнен Писаниковски (Пелистер), најдобар играч Иван Коцев (Мал Ајакс).

2010: ТАЛЕНТ БТ (Битола), Пелистер, Фудбал старс, ЛГ Битола.

Финале Талент БТ – Пелистер 1:0, за 3. место Фудбал старс – ЛГ Битола 3:0. Најдобар голман Калин Јаковлевски (Пелистер), најдобар играч Матеј Кековски ( Талент БТ).

2009: ПЕЛИСТЕР, Кул (Скопје), Битола, Перак.

Финале Пелистер – Кул 3:0, за 3. место Битола – Перак 3:1. Најдобар голман Дамјан Илиевски (Битола), најдобар играч Петар Трајчевски (Пелистер).

Наградите ги доделија Катерина Милеска (селектор на женската репрезентација на Македонија до 17 години), Дарко Тофилоски (голман на прволигашот Победа), Александар Крстески (поранешен фудбалер на Победа), Јове Магдески (некогашен фудбалер и тренер на Победа), а највредните пехари ги врачи градоначалникот на Прилеп, д-р Борче Јовчески.

 

 

Од категоријата

„ТЕСЕН“ РЕЗУЛТАТ ВО СТРУГА

Зоран Иге

ПОБЕДА Е СО ВТОР НАЈДОБАР НАПАД И СО ПРВ СТРЕЛЕЦ ВО ВТОРАТА  ЛИГА!

Зоран Иге

ПРИЛЕП: НЕВЕРОЈАТНО – ВТОРПАТ ДАДОА 12 ГОЛА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе