Фудбал

СО НОВ ТРЕНЕР И ИГРАЧИ УТРЕ НА ГРАДСКИ ВО ПРИЛЕП

Многу одамна, можеби десетина години се нема одиграно натпревар од женскиот фудбал на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Тоа ќе се случи утре (среда) во 17 часот, за кога е закажан пријателскиот меч помеѓу прволигашите, прилепска Деспина и Каменица Саса. Гледачите ќе можат да ја видат засилената Деспина, со новиот стратег Стевчо Талески, доскорешен тренер во Школата на Победа, како и четирите фудбалерки – три од странство, голманката Иман Шљиво од Босна и Херцеговина, за врска Николина Батиниќ и напад Жељана Максимовиќ од Србија, покрај Јована Павловска од битолски Атлетико.

Амбиција на Деспина е да биде подобра од претходното првенство кога беше осма, додека Каменица Саса е кандидат за титулата со оглед на тоа што беше на третото место од табелата на Првата лига.

Од категоријата

ПРВОТО ПОЛУВРЕМЕ ЗАВРШИ СО СТОНАСТОТНА ШАНСА ЗА ПОБЕДА ВО КОЧАНИ!

Зоран Иге

БИВШИОТ КАПИТЕН НА ПОБЕДА: СЕКОЈА ПРИКАЗНА ИМА СВОЈ КРАЈ!

Зоран Иге

ОД ДЕНЕСКА ТУРНИР ПОД РЕФЛЕКТОРИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе