Ракомет

ЧАНТУРИЈА ОД ПРИЛЕП ОЧЕКУВА ЖАР, БОРБА, ДИСЦИПЛИНА…

Во пресрет на утрешниот старт на новото првенство од ракометната машка Супер лига, разговараме со Реваз Чантурија, тренер и играч на Прилеп.

Зад Вас е работата од 38 дена?

– Подготовките беа во Прилеп и задоволен сум како поминаа низ пријателските натпревари.  Уште многу имаме за да бидеме тим како што јас посакувам, ама со трпение и многу работа, ќе успееме.

Од екипата заминаа шестмина, дојде еден?

– Да. Заминаа шестмина првотимци, а дојде еден искусен пикер Пеце Ѓорѓиески. Имаме млади и желни за игра ракометари, во кои имам доверба. Мислам дека ќе ја искористат дадената шанса.

Имајќи ја предвид А-групата со Вардар С., Вардар Н., Бутел, Охрид, Струга, Куманово и Алкалоид, каде е местото на Прилеп?

– Не би можел да кажам така стриктно кое место би освоиле, колку натпревари би добиле… Млада екипа сме со желба за докажување. Освен јас и Ѓорѓиески, сите се под 24 години, а има и момчиња од 17-18 години. Освен ние Грузијците – јас и Мириан Гавашелишвили, сите други се прилепчани. Ме радува тоа што ќе го носат одговорно и гордо дресот на клубот од својот град.

Ваш прв противник е Алкалоид?

– Сигурно Алкалоид е еден сериозен проект, квалитетна екипа со неколку искусни играчи, на чело со легендата Кирил Лазаров. Ние како тим со вакви квалитетни натпревари можеме само да напредуваме. Како тренер ми е битно да има жар, борба, дисциплина, да се игра без страв, а доколку излезе шанса, да ја искористиме.

Мечот Прилеп – Алкалоид е утре (сабота) во 18,30 часот, во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп.

Од категоријата

ПРИЛЕП НЕ ГО ДАВА ПРВОТО МЕСТО!

Зоран Иге

ДВАЈЦА ГРУЗИЈЦИ ЗАМИНАА, ДВАЈЦА ОСТАНАА!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ПРОТИВ ГОЛДЕН АРТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе