Фудбал

РЕВАНШ СО ПОБЕДА ЗА ДОЛГО ПАТУВАЊЕ: ОД СЕВЕРНА ИРСКА ПРЕКУ БЕЛГИЈА ДО СКОПЈЕ!

Фудбалскиот клуб  Колерајн од Северна Ирска има сопствен радио-канал кој последната емисија ја посвети на дуелите со прилепска Победа, во 1. рунда од Младинската лига на УЕФА. Во радио-емисијата под наслов „Патување до Македонија“ гостуваше клупскиот менаџер Марти Смит кој најави долго патување за реваншот на 5 октомври во Скопје. Според него, екипата со авион прво слетува до Белгија, оттаму продолжува до Скопје. Во клубот имаат младинска екипа до 20 години која нема право, а ќе настапи таа што е втора по возраст до 18 години која ја освоила титулата во таа категорија. За патувањето кон Македонија на списокот биле 22 фудбалери од кои 18  ќе се одберат за в записник. За Колерајн, клуб со убав мал стадион со капацитет од 3900 седишта, ова е историја затоа што првпат  младинска екипа од Северна Ирска се појавува на европската сцена.

И во Победа се во тек подготовките за напорно долго патување кон Колерајн, за првиот меч на 14 септември.

Од категоријата

ПРВОТО И ВТОРОТО ПОЛУВРЕМЕ НАСТАПУВА ПОБЕДА

Зоран Иге

БРАЌА ЗА ПРАВДАТА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ДЕНОВИВЕ ПРВИТЕ ПРИСТАПНИЦИ ВО ПОБЕДА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе