Објавена е потврда на регистрацијата на нов играч во прволигашот Победа. Тоа е 19-годишниот Ерик Амо од Гана. Денеска беше со тимот на куп-мечот во Карбинци. Амо е четвртиот странец во Победа, по Амасихоху Акугбе Џејмс од Белгија, Амос Губам Дадет од Нигерија и Огњен Ѓурковиќ од Србија.
Следниот првенствен натпревар на Победа е в сабота, во Скопје, со Работнички.