Фудбал

ПОСЛОЖЕНО ПАТУВАЊЕ КОН КОЛЕРАЈН, А ПОЕДНОСТАВНО ВРАЌАЊЕ

Се што е потребно обезбеди Фудбалскиот клуб Победа и 24 патници се подготвени за пат кон Колерајн, каде што в среда, 28 септември ќе се одигра првиот меч од 1. коло на Младинската лига на УЕФА, Колерајн (шампион на Северна Ирска) – Победа (шампион на Македонија). Тргнувањето е в понеделник, пристигнувањето вторник. Од Прилеп се патува со автобус до Скопје. Потоа се авионските летови: Скопје – Загреб – Лондон – Белфаст. Од Белфаст е автобуски превоз до Колерајн, каде вторник е во план тренинг во вечерниот термин од 20,30 часот, кога в среда е натпреварот. Прилепскиот клуб изнајде поедноставно решение за враќање – прво е автобускиот превоз од Колерајн до Белфаст, потоа се авионските летови Белфаст – Лондон – Солун и со автобус до Прилеп, в четврток вечерта.

Ова е последниот натпревар од вкупно 16 што се во елиминациската фаза од Младинската лига на УЕФА.

 

Од категоријата

ЛИДЕРОТ ВЕЧЕРВА Е ВО „ДОБРЕ ЈОВАНОСКИ“!

Зоран Иге

ШКУПИ ДЕН ПОРАНО ДОАЃА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ФИНАЛИСТИТЕ ПОЗНАТИ ПО ГОЛЕМА ДРАМА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе