Фудбалскиот прволигаш Победа првенствената пауза ја користи за мини-подготовки во пресрет на следниот дуел дома со тетовска Шкендија, на 2 октомври. Од денеска до недела прилепската екипа е во Нов Дојран каде има секојдневни тренинзи. В недела е учеството на турнирот во Кавадарци, низ мечевите по едно полувреме со кавадаречкиот прволигаш Тиквеш и битолскиот второлигаш Пелистер, па враќањето во Прилеп.
Тренерот Бобан Бабунски ги има на располагање сите играчи кои беа на претходниот меч со Работнички.