Фудбал

(ВИДЕО) ПОБЕДА СО НАДЕЖЕН РЕЗУЛТАТ ОД С. ИРСКА

Победа минимално со 3:2 загуби од Колерајн, во првиот меч од 1. коло на Младинската лига на УЕФА. Беше меч со пресврти. Домашните поведоа во 5. минута со голот на Патон. Но Победа бргу се консолидира и нападна кон противничкиот гол. Во 42. минута Филип Тодороски израмни на 1:1, а во 45+1 истиот играч го даде вториот гол за водство на прилепскиот тим со 2:1. Во второто полувреме во рамноправна игра Победа не успеа да даде гол, домашните преку Стинсон во 52. и Ватон  во 59. минута поведоа со 3:2. Победа на дебитантскиот настап одигра борбено и заслужи барем реми. Но и минималниот пораз е надежен, затоа што в среда во Скопје е реваншот и сите очекувања се да помине во 2. коло.
ПОБЕДА (4-3-3): Мариновски – Ѓорчески (56. Нанчески), Шиков, Кофиловски (71. Крстески), Поп-Антоски – Аризанкоски, Кочоски, Јакопетревски (85. Варошаноски) – Дебрешлиоски, Тодороски, Тошески.
Еве ги двата гола на Филип Тодороски:

Од категоријата

(аудио) НИКОЛОСКИ: КОГА СЕ РАБОТИ ЗА ПОБЕДА, ПРОРАБОТУВААТ ЕМОЦИИТЕ!

Зоран Иге

НОВО ИЗНЕНАДУВАЊЕ?

Зоран Иге

ДОАЃААТ ФУДБАЛЕРИ НА ПРОБА ВО ПОБЕДА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе