Вечерва во 6. коло на А-групата од ракометната машка Супер лига на Македонија, во Скопје домашниот Бутел со 32:25 го совлада Прилеп. Резултатот очекуван пред почетокот на дуелот, но на полувремето и повеќе минути од вториот дел изгледаше дека прилепскиот состав може да изненади. Младиот гостински тим водеше со 15:14 и 16:15 во тој период, но како се ближеше крајот, така домаќинот ја преземаше играта. Прилеп остана на 4 бода, Бутел има 15. Следи 15 дена пауза до 22 октомври.
Вчера од оваа А-група Куманово – Вардар 18:31.