Џудо

УТРЕ СЕ ПОЛНИ САЛАТА ВО ПРИЛЕП

Салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп во која се игра претежно ракомет, утре (недела) ќе биде исполнета со џудисти, учесници на Меѓународниот турнир „Прилеп град херој – Цевитана куп“, чиј домаќин е клубот Сеишин. Пријавени се 36 клуба со 310 џудисти од Македонија, Грција, Црна Гора, Србија, Бугарија, Косово и Албанија. Борбите за медали се во три возрасни категории: помлади пионери, пионери и кадети.

Најавата на турнирот беше денеска во ресторанот „Алтан“, на прес-конференција на која имаше голем број присутни, меѓу нив Владимир Трпаноски – претседател на Џудо федерацијата на Македонија и потпретседател на Балканската џудо федерација, Дејан Ширкоски – претседател на Џудо клубот Сеишин, а од славните имиња, Зоран С. Миловиќ – прославен џудист од Црна Гора и Киро Здравески – легенда на македонското џудо. Последниве двајца ја претставија својата книга „Поуки од големите мајстори на џудото“.

Борбите стартуваат во 10 часот, а за гледачите влезот е слободен.

Од категоријата

МНОГУ МЕДАЛИ ЗА ПРИЛЕПСКИТЕ КЛУБОВИ!

Зоран Иге

БАЛКАНСКИОТ ШАМПИОНАТ Е ВО МАКЕДОНИЈА, НО ВО КОЈ ГРАД?

Зоран Иге

СЕДУМ ДРЖАВИ ДЕНЕСКА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе