Ракомет

ВОДЕА СО 4 РАЗЛИКА – ЗАГУБИЈА СО 6

Петтото коло од Б-групата на ракометната женска Супер лига на Македонија, го донесе мечот во Свети Николе, Овче Поле – Деспина. Во минатото прилепскиот тим лесно ги освојуваше бодовите со овој противник, но вечерва загуби со 33:27. Се чинеше дека ќе биде многу подобро за Деспина, според играта во првото полувреме и на почетокот од второто. Гостинките водеа со четири гола разлика, на полувреме беше еден гол предност за домашните, а израмнето во првите десетина минути по одморот. Натаму екипата од Свети Николе ја имаше иницијативата и предноста ја зголемуваше за на крајот да биде шест разлика за Овче Поле. Екипата Овче Поле има 4 победи и 1 пораз, Деспина обратно – 1 победа и 4 пораза.

Во следното 6. коло: Астибо – Деспина, Овче Поле – Ѓорче Петров.

Од категоријата

ПРИЛЕПСКИОТ КЛУБ СО МНОГУ НОВОСТИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКА ДЕСПИНА ПО ДОЛГИ 7 ГОДИНИ Е СО НОВ ТРЕНЕР!

Зоран Иге

И БОДОТ ВО ПОСЛЕДНАТА СЕКУНДА ВОДИ КОН ОПСТАНОК!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе