Попладнево (14 ч.) е 10. рунда од фудбалската Прва лига на Македонија, во чии рамки мечот Силекс – Победа. Домашните одлично играат есенва, а гостите во настојување да ги средат своите редови. Звучни ривали, ако се има предвид дека „тежат“ пет титули – Силекс три, Победа две.
„Се созедовме, на некој начин, по натпреварот со Шкендија, и целосно посвестени сме на овој меч во Кратово. Сосема разбираме, играчите и сите ние, дека се уште сме во фаза на подобрување, на конструкција на еден тим. Во споредба со претходниот, ова е сосема различен натпревар со Силекс, на гости е. Но ние си ја бараме сопствената форма и структура, што е услов за стабилна игра и резултати“, вели Бобан Бабунски, шефот на Стручниот штаб на Победа, со дополнување дека неколку играчи се во фаза на рехабилитација, па неизвесно е која ќе биде првата постава.
СИЛЕКС: Божиновски – Рајков, Манасиевски, Љамалари, Маневски – Анѓелески, Петкоски, Серафимовски – Стојчевски, Ристовски, Петровиќ. Тренер: Горазд Михајлов.
ПОБЕДА: Тофилоски – Мазари, Делов, Ѓурковиќ, Амо – Рамани, Хани, Дадет – М. Наумоски, Тодоров, Џејмс. Тренер: Бобан Бабунски.