Џудо

(ВИДЕО+ФОТО) ГРЦИТЕ НАЈДОБРИ ПРЕД ПРЕПОЛНАТА САЛА ВО ПРИЛЕП

Вчера во салата на СОУ  „Ристе Ристески – Ричко“ во Прилеп, во организација на клубот Сеишин по 12. пат се одржа Меѓународниот џудо-турнир „Прилеп град-херој Цевитана куп“, Учествуваа 385 џудисти од 43 клуба од 7 држави – Македонија, Грција, Црна Гора, Србија, Бугарија, Албанија и Косово.

Настанот предизвика интерес кај многубројните учесници кои ја преполнија салата на татамите и трибината, каде свои места зазедоа и љубителите на џудото. Борбите се одвиваа на 4 џудо-борилишта, а правдата ја делеа и џудо-судии од Македонија и од странство.

Согласно сумираните  резултати од натпреварувачката комисија за најуспешни клубови по возрасни категории и добитници на пехари се:

Помлади пионери-ки: Преспа (Ресен, Македонија)

Помлади пионери: Бор (Србија)

Пионери: Црногорац (Цетиње, Ц.Гора)

Пионерки: Сакура (Катерини, Грција)

Кадети: Велико Градиште (Србија)

Кадетки: Сакура (Катерини, Грција).

Според бројот на освоени медали, севкупен победник на овој турнир е Џудо-клубот „Сакура Катерини“ од Грција. На турнирот присуствуваше, а и официјално го отвори, д-р Борче Јовчески, градоначалникот на Општина Прилеп.

Од категоријата

ОСУМНАЕСЕТ МЕДАЛИ ОД ДВА ПРИЛЕПСКИ КЛУБА!

Зоран Иге

ТУРНИР ЗА ПАМЕТЕЊЕ ПРЕД ПОЛНА ТРИБИНА!

Зоран Иге

МЕДАЛИ НОСАТ ОТСЕКАДЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе