Моделарство

(ВИДЕО+ФОТО) ТУРЧИН КАКО ФОРМУЛА 1 ЛЕТАШЕ ДРОН ВО ПРИЛЕП!

Во одлична организација на Воздухопловниот спортски клуб „Фил Феникс“ и идеални временски услови на спортскиот стадион кај Могилата на непобедените во Прилеп, викендов се одржа годинешниот Светски куп натпревар во летање со дронови „Феникс дрон рејсинг“, кој оваа година беше дел од  европската недела на спортот, со универзалното  мото „Be active”.

Во јуниорска конкуренција и генерален пласман имаше 21 натпреварувач од Македонија, Србија, Хрватска, Чешка, Бугарија и Турција. Сончевото време, без ветар, им овозможи на пилотите да реализираат брзи и беспрекорни летови во 10 тренажни и квалификациски трки во саботата. Во исти услови во неделата пред почетокот на натпреварувачките, се реализираа уште две квалификациски трки. Сите натпреварувачи покажаа врвно познавање од техниката на летање со дронови, но за пласманот при летање во виртуелна реалност одлучуваше и прецизноста во управувањето , психофизичката подготвеност и кондиција за да се задржи вниманието, како и концентрацијата.

Дроновите летаа многу брзо, секавично, како оси, поминувајќи ги пречките и капиите на фудбалскиот терен. Брзината беше голема, како да се одвива трка во Формула 1. Во апсолутна категорија победи Атакан Мерцимек од Турција, пред Димо Штерев од Бугарија и Давид Спачек од Чешка. Кај јуниорите најдобар излезе Атакан Мерцимек пред сонародникот Буран Мерцимек.  Светскиот куп беше можност за бодување за Државното првенство на Македонија, каде редоследот е: Бојан Ников, Александар Ников и Бошко Петрески.

Светскиот куп беше под раководство на Здравко Тодороски од Македонија (директор), Сотир Лазарков од Бугарија (претседател на жирито), Срѓан Павловиќ од Србија (член на жирито), Александар Ников од Македонија (член на жирито).

Од категоријата

БРИТАНЕЦ И ГРК МУ ДАДОА НАЈВИСОКИ ОЦЕНКИ НА ПРИЛЕП!

Зоран Иге

МЕЃУНАРОДЕН УСПЕХ НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНЧЕТО ЛУКА СО СИТЕ СИЛИ КОН СВЕТСКИ МЕДАЛ: СО АВТОМОБИЛ ДО СЛОВАЧКА И БРЗО НАЗАД ДО УЧИЛИШТЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе