Фудбал

(ФОТО) ИГРАА ЗА КУП, МИСЛЕА НА ПРВЕНСТВОТО

Екипата на Македонија ЃП е четвртфиналист во фудбалскиот Куп на Македонија. Пред околу 500 гледачи на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп, скопскиот тим со 2:0 ја совлада домашната Победа. Беа две различни полувремиња.  Во првото, гостите многу подобри, а од тоа плод се двата гола. Веќе во 6. минута Емир Скендери ја затресе домашната мрежа, а во 26. минута конечниот резултат го постави Ермедин Адем од слободен удар. Во второто полувреме Победа ја подобри играта, создаде и неколку шанси. Сепак, се чини дека мислите на екипата се свртени повеќе кон прволигашкото првенство, во борбата за опстанок. Тоа се гледа и според изборот на играчкиот кадар во првата постава и клупата. Во игра воопшто не влегоа Дарко Тофилоски, Ерик Амо, Христијан Коцев, Хамза Рамани, Марио Наумоски…

По седум дена, пак во среда, во 12. рунда од Првата лига, Победа дома игра со Струга.

ПОБЕДА (4-3-3): Котевски – Бошески, Паноски, Стомнароски, Ѓурковиќ (29. Делов) –Тодоров (60. Тодороски), Аризанкоски, Дадет (67. Тошески) – Мазари, Џејмс (46. Б. Спиркоски), Галевски (46. Петејчук). Тренер: Бобан Бабунски.

МАКЕДОНИЈА ЃП (4-3-3): Стевковски Лазаревиќ, Мишевски, Личина, Зука Стоилов (72. Вучиќевиќ), Адем, Самаке – Воша, Скендери (67. Мена), Лемос (56. Алексовски). Тренер: Мите Митев.

 

ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА ЃП СТАТИСТИКА

5/2 удари/в гол 7/7

3 корнери 2

2 офсајди 2

11 прекршоци 16

2 жолти картони 3

Од категоријата

(фото, видео, состави) ПОБЕДА СЕ ОДБРАНИ СО ДВАЈЦА ИГРАЧИ ПОМАЛКУ!

Зоран Иге

ТРИ НЕДЕЛИ ДО МОЖНОСТА ЗА ПРЕМИН!

Зоран Иге

СУДИЈАТА УДРЕН ВО МАРЕНА, ГОЛЕМО КОЊАРИ СО ДВА ГОЛА МУ „ЧЕСТИТА“ НА ВАРДАР!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе