Фудбал

ИМА 40 ГОДИНИ А ДАДЕ 4 ГОЛА!

Денеска се одиграа мечевите од 9. коло на фудбалската Трета лига – Југ. Во Марена, Канатларци со 3:4 загуби од Бучин. Ова е третиот триумф на Бучин во серија, иако претходно шестпати губеше. Интересно е што попладнево за Бучин сите четири гола ги даде Зоран Мирчески, кој има полни 40 години! Домашниот тим Канатларци поведе со 2:0, со головите на Окан Јусуф во 15. и на Денис Мустафоски во 25. минута. Следеше пресврт со три гола на Мирчески во 28., 34. и 51. минута. Израмнувањето се случи во 60. минута преку  Шенол Ибраимовски, а победничкиот гол на Мирчески е во 83. минута за 3:4. ДРУГИ РЕЗУЛТАТИ:  Обршани – Младост 0:3, Питу Гули – Превалец 2:0, Росоман – Марена 6:1, Слога – Големо Коњари 0:2, Локомотива – Вардар 0:1.

СЛЕДНО 10. КОЛО (6 ноември во 13 часот): Бучин – Вардар, Големо Коњари – Локомотива, Марена – Слога, Превалец – Росоман, Младост – Питу Гули, Канатларци – Обршани.

 

Од категоријата

НЕСТОР СТРЕЛЕЦ ЗА УДИНЕЗЕ!

Зоран Иге

ДАЛИ ЌЕ ИМА НОВИ ПРИЛЕПСКИ КЛУБОВИ ОД СЕПТЕМВРИ?

Зоран Иге

ПОБЕДА ПОКАЖА ДЕКА Е ЗРЕЛА ЗА ТИТУЛА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе