Фудбал

ВЕТЕРАНОТ-ГОЛГЕТЕР ГО НАМАЧИ ЛИДЕРОТ!

Екипата на Вардар и попладнево продолжи со победничката серија во фудбалската Трета лига – Југ. Во Бучин со 4:2 го совлада домашниот тим. На неготинчаните не им беше лесно, иако водеа со 0:2. По головите на Кирил Неделков во 15. и Антонио Јанев во 23. минута, се активира незадржливиот голгетер, ветеранот Зоран Мирчески кој на 40 години дава голови како од шега. И денеска на лидерот му даде два гола, во 50. и 75. минута. Домашните во 83. минута несреќно си дадоа автогол, во истата минута погоди и Дарко Нацев за конечни 4:2 за Вардар.

РЕЗУЛТАТИ ОД 10. КОЛО: Бучин – Вардар 2:4, Големо Коњари – Локомотива 5:1, Марена – Слога 3:0, Превалец – Росоман 2:0, Младост – Питу Гули 1:2, Канатларци – Обршани 2:5.

СЛЕДНО 11. КОЛО (13 ноември во 13 ч.): Обршани – Бучин, Питу Гули – Канатларци, Росоман – Младост, Слога – Превалец, Локомотива – Марена, Вардар – Големо Коњари.

Од категоријата

НЕ В НЕДЕЛА, В САБОТА СИТЕ НА СТАДИОН!

Зоран Иге

ПОЛНА ТРИБИНА ЗА ПЕЛАГОНИСКАТА ПРЕСМЕТКА!

Зоран Иге

ДЕРБИТО Е ДЕНЕСКА ОД 15 ЧАСОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе