Фудбал

(ФОТО) ШЕСТ ГОЛА ВО СКОПСКАТА МРЕЖА, ИСКЛУЧЕН ГОСТИНСКИОТ ПРЕТСТАВНИК!

Беше дерби, но според резултатот не е: Деспина – Скопје 6:1, во 8. коло на фубалската Прва женска лига на Македонија. Висок триумф на прилепчанките, иако скопјанките први дадоа гол. Во 14. минута водството за Скопје го донесе Афродита Салихи. Но, две минути подоцна Катерина Милеска со шут оддалеку, од слободен удар под пречката, израмни на 1:1. Во 22. минута веќе е 2:1 со голот на Симона Тасева.

До крајот на полувремето се наѕре големата победа на Деспина, со головите на Србинката Николина Батиниќ и на Анастасија Илиевска за 4:1. Домашните не запреа. Во 49. минута гол на Јована Павловска, а во 71. минута уште и автогол на гостинскиот состав за конечни 6:1. Ова е трет последователен триумф на Деспина со можност за пробив нагоре на табелата.

Други двојки: Ас унитед – Саса 0:9, Тиверија – Борец 14:0, Кочани – Шкендија 3:3, Љуботен – Истатов 6:1, Речица – Кул здравје.

СЛЕДНО 9. КОЛО: Кул здравје – Деспина, Скопје – Ас унитед, Истатов – Речица, Шкендија – Љуботен, Борец – Кочани и Саса – Тиверија.

ЦРВЕН КАРТОН!

На овој меч немаше исклучување за ниедна фудбалерка, а само еден жолт картон за домашната Симона Тасева. Сепак, се додели црвен картон за гостинскиот претставник Васко Кузев. Тоа се случи во 82. минута за неспортско однесување кон главниот судија Фатмир Бафто од Охрид.

Мечот беше на игралиштето со вештачка трева во Прилеп.

Од категоријата

ЛАНИ ОХРИД ЗЕДЕ БОД ОД ПРИЛЕП, ПОБЕДА ВО НАМЕРА ТОА УТРЕ ДА НЕ МУ ГО ДОЗВОЛИ!

Зоран Иге

ДЕНОВИВЕ ПРВИТЕ ПРИСТАПНИЦИ ВО ПОБЕДА

Зоран Иге

ПОЧНА МАЛИОТ ФУДБАЛ, СЕНИОРИТЕ СЕ ОД 17,30 ЧАСОТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе