Пинг-понг

(ФОТО+ВИДЕО) ШАМПИОНОТ ПАДНА ВО ПРИЛЕП!

Три дерби-меча беа во салата од ООУ “Добре Јованоски” во Прилеп, од последните две кола од машката пингпонгарска Супер лига на Македонија. Во осмото, претпоследно есенско, третото Берово со 2:4 загуби од петтиот Шампион ФА. За Берово двете партии ги доби Србинот Мирослав Чолаковиќ, а за Шампион ФА Дамјан Стојчев две, по една Сашко Богатинов и Филип Младеновски.

Други резултати: Работнички – Младост 96 1:4 (Сашо Стојановски – Србинот Ѓорѓе Борчиќ две, по една Петар Костовски и Антонио Стомнароски), Крива Паланка 2007 – Кочани 4:2 (Кристијан Станојковски две, по една Мики Петковски и Мартин Стаменковски – Сашко Теодосиев, Славчо Ефремов), Крива Паланка – Телеком нец 2 1:4 (Роберт Стаменковски – Србинот Милош Миленковиќ две, по една Роберт Михајловски и Димитрие Жоговски), Рисови – Младост неодигран.

Во деветтото коло беше дербито на денот, Младост 96 – Крива Паланка 2007, вториот со четвртиот на табелата, претходниот против сегашниот државен шампион. Прилепскиот тим победи убедливо, со 4:1. Во победничкиот состав две партии доби Србинот Борчиќ, по една Стомнароски и Костовски, а кај поразениот единствената е дело на Станојковски.

Третото дерби е Телеком нец 2 – Берово, лидерот на табелата со третиот. Скопскиот тим победи со 4:1 (Србинот Миленковиќ две, Жоговски и Михајловски по една). Други резултати: Кочани – Крива Паланка 2:4 (Ефремов, Тодосиев – Стаменковски две, по една Александар Јакимовски и Стојановски), Младост – Работнички 4:3 (Ѓоко Јочкоски две, Нико Доага, дубл Јованоски/Јочкоски – Горјан Никифоровски две, Стојановски), Шампион ФА – Рисови одложен.

Табела: Телеком нец 2 (Скопје) и Младост 96 (Прилеп) по 17, Крива Паланка 2007 15, Берово 14, Младост (Прилеп) 13, Шампион ФА (Штип) и Работнички (Скопје) по 12, Рисови (Скопје) и Крива Паланка по 9, Кочани 8.

ВИДЕО ОД НАСТАНОТ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК:

 

Од категоријата

ЗАМИНА МАТАЛА!

Зоран Иге

БРОНЗЕН МЕДАЛ ОД ПОДГОРИЦА

Зоран Иге

(фото) СКОПЈАНИТЕ СОВЛАДАНИ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе