100 години фудбал во Прилеп

МНОГУ ГЛЕДАЧИ – МАЛКУ ПРОДАДЕНИ БИЛЕТИ!

Насловов е од неделниот весник „Народен глас“ од 24 август 1979 година по одиграното дерби од Втората југословенска лига – Исток, Победа – Тетекс 0:0. Според грубите проценки, натпреварот на Градскиот стадион „Гоце Делчев“го следеле над 10 илјади гледачи, а во некои новинарски извештаи пишувало дека биле присутни 17 илјади гледачи. Народот убаво вели дека „баба лаже – трап не лаже“, така што „трапот“ во овој случај се продадените влезници, се разбира под услов податокот да е точен. Според информацијата од клубот, биле продадени 5050 влезници, од кои 490 за малата, 4560 за големата трибина. Весникот заклучува дека има многумина што беслпатно влегуваат во стадионот.

Сигурно имало и гледачи што влегувале без влезници, но за да се добие реална слика, мора да се оди по еден редослед. Прво мора да се знае колкав е капацитетот на стадионот, па според процентот на исполнетоста да се процени бројката гледачи, па таа да се спореди со бројката продадени билети.

Од категоријата

ПРОФЕСИОНАЛЕЦ ВО ПАРТИЗАН, А ГЛЕДАШЕ ФУДБАЛ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА НА СТАДИОНОТ „МАРАКАНА“!

Зоран Иге

ПРВАКОТ НЕ БЕШЕ ЧУДНО ДА ПРИМИ И 5 ГОЛА ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе