Попладнево во Битола домашната Хераклеја со 72:77 загуби од Мега баскет, во 8. рунда на кошаркарската машка Трета лига Б-група. Гостите имаа и повисоко водство на дуелот во салата „Боро Чурчевски“. Ова е седми настап и седми триумф на прилепскиот тим. Според ова, Мега баскет води на табелата со максимални 14 бода.
Во 9. последно есенско коло, Мега баскет дома игра со тетовски Љуботен.