Фудбал

БОРБА ЗА 9. МЕСТО ВО ПРИЛЕП!

Попладнево (13 ч.) во Прилеп е пресметката Победа –  Скопје од 17. рунда на фудбалската Прва лига на Македонија. Овој е последниот меч есенва на Градскиот стадион “Гоце Делчев” и последна реална шанса за триумф на прилепскиот тим. Со три бода се оддалечува од ривалот со пет бода разлика, а и голема веројатност е да се искачи едно место погоре на табелата, со оглед на тоа што Академија Пандев има тешко гостување во Струга. Фудбалерите на Победа се пред задачата да му вратат на Скопје за поразот од 1:0 пред точно три месеца.

ДВОЈКИ: Победа – Скопје, Струга – Академија Пандев, Шкупи – Брегалница, Македонија ЃП – Шкендија, Тиквеш – Силекс.
ТАБЕЛА: Струга 33, Шкупи 28, Шкендија 25, Тиквеш и Силекс 23, Брегалница 20, Работнички 18, Македонија ЃП 17, Академија Пандев 12, Победа 11, Скопје 9.

Од категоријата

НАД 30 ФУДБАЛЕРИ НА ТРЕНИНЗИТЕ ОД БАБУНСКИ

Зоран Иге

ПЕТТИ ПАТ СЕ ПОЛНИ СТАДИОНОТ ВО ПРИЛЕП!

Зоран Иге

ПОБЕДА ВО ДРУШТВО НА ШКЕНДИЈА, РАБОТНИЧКИ И МАКЕДОНИЈА ЃП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе