Фудбал

ЗА ПЕХАРОТ ЌЕ СЕ БОРАТ ЕКИПИ ОД ПРИЛЕП, БИТОЛА, ОХРИД, СКОПЈЕ, КАВАДАРЦИ…

Течат последните денови за пријавување учество на претстојниот традиционален Хуманитарен турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп, чии покровители се компанијаата „Комфи ангел“ и Општина Прилеп во соработка со Здружението на спортови „Марков град“. Дознаваме дека се одвива вистинска трка за место меѓу 900 учесници, со оглед на ограничениот број екипи. Интересот е од цела Македонија.

На денешната прес-конференција на која присуствуваа градоначалникот д-р Борче Јовчески, Александар Крстески од Здружението и Македонче Дуртаноски од Организациониот одбор, беше споманто дека меѓу досега пријавените се повеќе екипи отстрана, како екипа составена од футсал-репрезентацијата на Македонија, екипи од Охрид, неколку од Битола, од Новаци, од Кавадарци… Штом се пополне бројот, пријавувањето завршува. Во сениорската конкуренција каде ќе има 32 екипи, котизацијата е 8000 денари по екипа, а во пионерската е 3000 денари, каде се седум возрасни категории. Затоа пак наградите се примамливи – во сениорската првото место има 240 илјади денари, второто 120 илјади, третото 60 илјади.

Турнирот стартува в сабота, во салата на ОУ „Добре Јованоски“со капацитет од близу 400 гледачи.

ПОБЕДА – ПЕЛИСТЕР

Организаторите се потрудија да доведат познати фудбалери, некогашни репрезентативци кои ќе одиграат пријателски, ревијален натпревар. Станува збор за меч Победа – Пелистер, меѓу ветераните на двата тима, традиционални соседски ривали. 

Потсетување на некогашните фудбалски ѕвезди од Прилеп и Битола.

 

Од категоријата

ВРИЕЖ ВО КАВАДАРЦИ

Зоран Иге

СО НОВ ТРЕНЕР И ИГРАЧИ УТРЕ НА ГРАДСКИ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

ПОЧНУВА ПРЕСЕЛБАТА

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе