Денеска и утре се празни денови од Светското фудбалско рвенство во Катар, па спортските љубители од Прилеп можат да проследат настани во кои учесници се домашните екипи. Покрај турнирот во мал фудбал, настан е и ракометниот меч од 12. рунда на Б-групата од женската Супер лига, Деспина – Овче Поле. Дуелот е во салата од СОУ „Ристе Ристески – Ричко“. Гостинките се фаворитки со оглед на освоените бодови (18) во споредба со тие на Деспина (6), а имајќи предвид дека нивниот дуел во Свети Николе го доби Овче Поле со 33:27. Но, сега Деспина е домаќин и со претходен успех во средата со 24:22 врз Кузман Вардар во Скопје.
Вечерашниот меч е од 18 часот.