Фудбал

ПОБЕДА ЗЕДЕ БОД ОД ШТИП БЕЗ БАБУНСКИ КОЈ Е РАСПОЛОЖЕН ДА ОСТАНЕ ТРЕНЕР!

Победа зеде бод во Штип со Брегалница по резултатот 2:2. Ова е голем бод за прилепскиот тим со оглед на кризата за која се зборуваше цела есен. Штипјаните иако без исклучениот Халиди Лвалива во 10. минута, поведоа со двата гола на Дарко Додев во 17. и 21. минута, а прилепскиот состав возврати со головите на Атхе Мазари во 47. и Амос Дадет во 72. минута. Победа во второто полувреме имаше и шанси за триумф. Со бодот Победа е на 9. место кое значи директен опстанок во Првата лига.

Во врска со мечот, очекувавме мислење на Бобан Бабунски, тренерот на Победа, но тој не бил во Штип.

-Не ја водев Победа во Штип. Но тоа никако не значи разделба со овој клуб. Сум расположен да продолжам. Бев вчера во Прилеп, го кажав моето мислење. Ако се среди барем малку состојбата, со минимални услови, со редовно исполнување на обврските спрема секого од клубот – играчи, тренери, економ, физиотерапевт, кон сите што работат секојдневно, сигурно ќе продолжам, доколку сакаат од клубот, се разбира – вели Бабунски.

БРЕГАЛНИЦА: Шчекиќ, Коцев, Мојсов, Ристевски, Николов, Ѓокиќ (46. Димитриевски), Додев, Касми (59. Хаџановиќ), Лвалива, Силјановски, Кудев (59. Ѓорѓиев).

ПОБЕДА: Котевски, Хани, Стомнароски, Б. Спиркоски, Мазари, М. Наумоски (80. Аризанкоски), Тодороски (46. Џејмс), Бошески, Петејчук, Ѓурковиќ, Дадет.

ДЕНЕШНО 18. КОЛО, ПОСЛЕДНО ЕСЕНСКО: Брегалница – Победа 2:2, Скопје – Струга 1:1, Академија Пандев – Тиквеш 0:2, Силекс – Македонија ЃП 1:3, Работнички – Шкупи 2:4.

СЛЕДНО 19. КОЛО (19 февруари 2023): Победа – Работнички, Брегалница – Скопје, Шкупи – Шкендија, Македонија ЃП – Академија Пандев, Тиквеш – Струга.

Преодниот рок е од 15 јануари до 11 февруари 2023.

Од категоријата

(фото+видео-извештај) ДЕСПИНА СО ДОЖД ГОЛОВИ ПРЕД ДОЖДОТ!

Зоран Иге

ГОЛЕМА РАДОСТ ВО БУЧИН!

Зоран Иге

(ВИДЕО) МНОГУ ПУБЛИКА – ПРЕМАЛКУ ШАНСИ И САМО ЕДЕН ГОЛ ВО ПРИЛЕП

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе