И вечерва интересни натпревари беа во салата од ОУ „Добре Јованоски“ во Прилеп од Хуманитарниот турнир во мал фудбал „Свети Никола“. Покрај домашни, прилепски и од околината, се претставија екипи и од Скопје, Демир Хисар и Охрид.
Публиката виде многу голови. Има и такви со силни шутеви од центар. На првиот меч, екипата од професионалци, Скара на кило Кусио со 9:0 го совлада Микросам. Вториот натпревар беше израмнет, заврши 1:1 меѓу Сендвичара Грижо Ла страда – Ресторан Бабино од Демирхисарско. По изведувањето пенали победија гостите со 4:3.
На следниот дуел Зона премиер од Скопје со 1:0 беше подобра од Астра казино. Потоа Гостилница кај Џек од скопско Петровец со 5:1 го совлада АСП Пак од Охрид, а на вториот меч Гостилница кај Џек со 8:1 беше подобра од Кафе дома.
И програмата за утре (вторник) е со 6 меча, а стартува од 18 часот.