На десеттиот Хуманитарен турнир во мал фудбал „Свети Никола“ во Прилеп се ближи осминафиналето, нокаут-мечевите, а од првата, групна фаза остануваат уште само денешните шест натпревара. Во салата на ОУ „Добре Јованоски“ од 18 до околу 23 часот се дуелите: Сквер кафе Ресен – Фреш Бо-То, Виталија Ветаџока – Паша лим, Виталија Ветаџока – Најс травел, Андринико – Паркетар Горан, Андринико – Рустика кетеринг, Коколе Изофаст – Кафе Лули. По две најдобри од осумте групи произлегуваат 16 тима за осминафиналето кое се игра в среда и в четврток.
РЕЗУЛТАТИ ОД ВЧЕРА: Мебло трејд – ВИК Македонија 0:3 (сл.), Ресторан Хризантема – Трисоро 1:4, Гостилница кај Џек – Фасада Чајник 3:1, Гостилница кај Мече – Кафе Лули 3:0, Гостилница кај Мече – ВИК Македонија 4:2.