70 години ракомет во Прилеп

ОД НИЕДНА САЛА ДО ДВЕ И ОБРАТНО!

Пред 11 април 1976 година прилепските спортски екипи во ракомет, кошарка и одбојка немаа можност да играат во затворен простор, туку само на отворено игралиште. Така, ракометарите на Тутунски комбинат и во Втората југословенска лига – Југ своите натпревари како домаќини ги играа на игралиштето кај Вишата економска школа. Дури на споменатиот датум е одигран првиот првенствен натпревар во новоотворената Универзална сала. Домашниот Тутунски комбинат со 36:30 го совлада Будуќност од Титоград, денешна Подгорица.

За кусо време се изгради и втора сала, уште поголема, салата „Македонија“, пуштена во употреба на 8 септември 1978. И таму се играа спортски натпревари, особено тогаш кога Универзалната служеше привремено како магацин за тутун.

Од ниедна до две сали и обратно, тоа е патот до денешната состојба, каде мечевите се само во училишните сали во Прилеп.

Од категоријата

РАКОМЕТ НА ПОРОЕН ДОЖД!

Зоран Иге

СТРАОТЕН ШУТ ЗА КРШЕЊЕ СТАТИВИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ ПОДОБРИ ОД ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА БОСНА, ВОЈВОДИНА, КОСОВО И ЦРНА ГОРА!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе