Ракомет

ПЛАНОТ Е ДИРЕКТЕН ОПСТАНОК!

Четврти ден е од подготовките на машкиот ракометен суперлигаш Прилеп. Тренинзите се в сала и во вежбалница, така се до 12 февруари кога е почетокот на плеј-аутот и борбата за опстанок. Ривали се Јуниор КВ, Скопје и Голден арт (Скопје), Струга, Куманово, Радовиш, Вардар (Неготино). Првите пет места на табелата значат опстанок, шестото води во бараж-меч, седмото и осмото кон ранг подолу. Прилепскиот тим има свои шанси, имајќи предвид дека настапи солидно во А-групата есеноска, кога со 13 бода меѓу 8 тима беше освоено 6. место.
– Млада екипа сме, но во спортот не важи поделбата млад-стар, туку добар-лош. Младоста е само предизвик, за да се залагаме, да извлечеме максимум. Имаме одлични тренери кои не поддржуваат, ние сите долго време се познаваме, сме заедно и тоа е нашата вредност. Размислуваме за директен опстанок, до петтото место – порачува левото крило Христи Бикоски.
Деновиве можни се и нови играчи, но треба да се причека за да се види колкава е финансиската моќ на клубот Прилеп.

Од категоријата

ВТОР ТРИУМФ НА ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ!

Зоран Иге

РАМНО 40 ГОЛА ЗА ВЛЕЗ ВО ГРУПА!

Зоран Иге

ПРИЛЕП ВЧЕРА И УТРЕ СО ИСТ РИВАЛ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе