Пинг-понг

ПРИЛЕП Е МЕГДАН ЗА УЧЕСНИЦИ ОД 6 ДРЖАВИ!

Отворен е Меѓународниот меморијален пингпонгарски турнир „Илија Карески – Каре“, кој е во чест и спомен на големиот пингпонгар, тренер и спортски работник. Веќе станува традиционален, со второто издание во салата од ОУ “Добре Јованоски” во Прилеп, во организација на клубот Младост 96. Учесницитре се од Албанија, Косово, Србија, Црна Гора, Грција и Македонија. Единствено не допатуваа пингпонгарите од Бугарија, како што се зборува, поради политичките тензии. Два дена – денеска и утре, претстојат борби на 10 маси во повеќе категории. Најмали се пионерките и пионерите до 12 и 15 години, потоа младинките и младинците до 19, па  сениорките и сениорите за кои има награден фонд од по 400 евра. Ветераните се во три групи – од 40 до 49, 50 до 64 и над 65 години. Пропозициите овозможуваат еден учесник да се натпреварува во две категории: младинските категории освен во својата и во постара, а ветераните освен во својата и во помала. Системот е подреден исто како да има 200 пингпонгари.

– На наше задоволство, имаме учесници колку што очекувавме. Покрај пингпонгари од речиси сите активни македонски клубови, меѓу нив двата прилепски Младост и Младост 96, тука се и над 50 од странство. Заедно со Локалната самоуправа, за нив обезбедивме подароци, а и превоз со автобус до нашите знаменитости, како манастирот “Свети Архангел Михаил”, Институтот за тутун, Галеријата на икони – вели Златко Рикалоски, член на УО на ППК Младост 96.

Турнирот го отвори и на учеснците им посака успешен настап, градоначалникот на Прилеп д-р Борче Јовчески.

– Честитки до организаторите, клубот Младост 96 и сите останати што се вклучени. Ми претставува задоволство што како Општина, ја продолжуваме иницијативата овој турнир да стане традиционален, и ќе продолжиме секоја година достојно да се потсетуваме на господинот Илија Карески. Верувам дека ќе се надоградувате и со учесници и со гости, во интерес на значењето на спортот и сите спортски активности за Прилеп и прилепчани. Заедно со претседателот на Советот на Општина Прилеп, им посакавме топло добредојде на сите гости успешен турнир, и нека победат најдобрите.
Програмата на турнирот започнува во 9 часот.

 

Од категоријата

(фото, резултати, состави) ПРИЛЕПСКА МЛАДОСТ 96 ПОЧНА ШАМПИОНСКИ!

Зоран Иге

(видео) ТРЕНЕРОТ ТОШЕСКИ ОД ПРИЛЕП КОН ШВЕДСКА!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИТЕ ОД 1:3, СВРТИЈА НА 4:3!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе