Шах

ТИНЕЈЏЕР ПОБЕДНИК МЕЃУ 120 УЧЕСНИКА!

Во Прилеп (СОУ „Орде Чопела“) беше големиот брзопотезен шаховски меморијален турнир „Прилеп опен – МАТ“, во чест на тројца починати великани на прилепскиот шах Митре Џајковски, Александар Тодороски и Тане Дулев. Учествуваа дури 120 шахисти од цела Македонија. По 9 одиграни кола по Швајцарски систем, победи 18-годишниот фидемајстор Емил Ристески, кој освои 7,5 поена, исто колку и конкурентите Филип Михов (бившиот државен првак), Миле Трајковски и Стојан Велкоски. Петтиот Георги Петров има 7 поена, колку шестиот Дејан Ѓорѓиески и седмиот Константин Лушески. Првакот доби награда од 7000 денари, вториот 5000, третиот 4000, четвртиот 3000, петтиот 2000 денари. За најдобриот прилепски шахист, Дејан Ѓорѓиески е наградата од 1500 денари.

Турнирот кој е пријавен во ФИДЕ, успешно го организираа прилепските клубови Прилеп и Пелагон.

Од категоријата

ПРВОТО МЕСТО ИМ ПРИЛЕГА НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИ УСПЕШНИ ВО БИТОЛА!

Зоран Иге

ПОДОБАР ОД 131 УЧЕСНИК!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе