Екипата Радник од Сурдулица попладнево направи големо изненадување во 23. рунда на Супер лигата на Србија. Последниот на табелата изваде реми (1:1) со петтата Војводина. Единствениот гол за гостите го даде прилепчанецот Зоран Даноски во 3. минута.
Во следното коло Радник дома игра со седмиот Вождовац.