Пинг-понг

ПРИЛЕПЧАНИТЕ ОД 1:3, СВРТИЈА НА 4:3!

Драма во Битола, на пингпонгарскиот дерби-меч Пелистер – Прилеп, од 6. коло на Втората пингпонгарска лига на Македонија. Екипите се менуваа при добивањето на партиите. Поведе Пелистер преку Борче Талевски, израмнувањето го постигна Александар Штаргоски. Домашните со 2:1 поведоа преку Даниел Ѓокановски, а со 3:1 по заслуга на Јован Коминовски. На битолчаните им требаше само уште една партија за добивање на мечот. Но, прилепчаните не се предадоа, во серија добија три партии. Прво победи Рубинчо Ристески, потоа Бојан Базерковски, на крајот дуелот во двојки им припадна на Александар Штаргоски / Бојан Базерковски. Конечни 4:3 за Прилеп.

Прилеп, кој на табелата води со максимални 12 бода, во следната рунда има дуел со Хепи од Кочани.

Од категоријата

ОСТАНАА БЕЗ ТРОЈЦА, НО НЕ СЕ ПРЕДАВААТ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИ КЛУБ СО ИГРАЧИ НА ЕВРОПСКО!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ МОЖЕ ДА БИДЕ ЕСЕНСКИ ПРВАК!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе