Дека Прилеп во последно време со право го враќа епитетот „најпингпонгарски град“, потврда е и екипата што го носи името на градот и е доминантна во Втората лига. Денеска Прилеп извојува две победи, со Хепи од Кочани 4:2 и со Саса од Каменица 4:3, така што е на добар пат да стане прволигаш.
На првиот меч, за Хепи партите ги добија Димитар Арсов и Милчо Чачоров, додека за Прилеп Александар Штаргоски, Бојан Базерковски 2 и Рубинчо Ристески. На вториот дуел, за Саса партии добија Гоце Стојановски 2 и Стевчо Ристовски, а за Прилеп Штаргоски 2, Бранимир Димков и двојката Штаргоски/Звонко Тодороски.
Еве ги резултатите од денешните натпревари во салата до ДТВ Партизан во Прилеп: Прилеп – Хепи 4:2, Прилеп – Саса 4:3, Пелистер – Саса 2:4, Пелистер – Хепи 0:4,
Прилеп води на табелата со максимални 16 бода. Последниот меч е дербито со Студент од Скопје.