Ракомет

ЗАЛЕТАНИОТ ВАРДАР ГОСТУВА ВО ПРИЛЕП!

Претстои 4. рунда од плеј-аутот на ракометната машка Супер лига на Македонија. Во таа рамка е дуелот во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ помеѓу Прилеп и Вардар од Неготино. Ова е трет меч сезонава на овие ривали. Претходно, во основниот дел на лигата, Прилеп двапати победи, дома со 22:18, во Неготино со 29:28. Меѓутоа, пред денешнава пресметка треба да се има предвид дека Вардар ја има подобрено играта, исто и резултатите. Така, во плеј-аутот веќе собра 7 бода.

Денешниот дуел, кој е во 15 часот, го судат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола, делегат е Славчо Каланоски од Струга. На табелата води Куманово со 10 бода, пред Прилеп и Скопје со по 8, Вардар Н. со 7, Голден арт 6, Јуниор КВ и Струга по 3, Радовиш 2.

Од категоријата

ДЕНЕСКА РАКОМЕТОТ ВО ПРИЛЕП Е НАЈРАНО, ВО 13 ЧАСОТ

Зоран Иге

ВТОР ТРИУМФ НА ПРИЛЕПСКИОТ ТИМ!

Зоран Иге

ГОЛ НА ХРВАТОТ КВАСТЕК ДО НОВИ ТРИ БОДА ЗА ПРИЛЕП!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе