Мошне долга, дури 112 дена беше паузата во Третата фудбалска лига – Југ, па оттука со нетрпение се чека 12. коло, прво пролетно. На програмата е утре (недела) во 14 часот. Интересно ќе биде во Бучин, каде истоимениот домашен тим го пречекува силното Големо Коњари. Лидерот и убедливо најмоќен во оваа лига Вардар, во Неготино игра со Марена. Други мечеви: во Градско Локомотива – Превалец, во Лажани Слога – Младост, во Росоман Росоман – Канатларци и во Крушево Питу Гули – Обршани.
Табела: Вардар 33, Питу Гули 28, Големо Коњари 25, Превалец 22, Росоман и Слога 17, Марена 12, Локомотива 11, Бучин 9, Младост 7, Обршани 6, Канатларци 2.