Продолжува борбата за опстанок во Првата фудбалска лига на Македонија. Екипата на Победа третпат пролетва е на мегдан, попладнево против силната екипа на Силекс. И покрај тоа, не треба да се заборави дека есеноска во Кратово беше 3:0 за Победа, со головите на Филип Стомнароски, Анатолиј Петејчук и Игор Паноски. Изненадувањата во фудбалот ги има и натаму ќе ги има. Интересно за денешниот меч е тоа што за гостинската екипа Силекс играат бившите “победаши” Андреј Петкоски, Хамза Рамани и Дарко Анѓелески.
Дуелот Победа – Силекс е попладнево (14 ч.) на Градскиот стадион “Гоце Делчев”во Прилеп.
РЕЗУЛТАТИ 21. КОЛО: Работнички – Скопје 4:0, Шкупи – Академија Пандев 3:3. ДЕНЕСКА: Победа – Силекс, Брегалница – Шкендија, Македонија ЃП – Тиквеш.
ТАБЕЛА: Струга 39, Шкупи 38, Шкендија 31, Силекс 29, Тиквеш 28, Брегалница 25, Работнички 24, Македонија ЃП 21. Академија Пандев 16. Победа и Скопје 13.
ДЕРБИ НА ВЕШТАЧКА ТРЕВА
На програмата е 13. рунда од Првата женска фудбалска лига на Македонија. Дерби е мечот Деспина – Саса денеска од 15 часот на теренот со вештачка трева во Прилеп. ВЧЕРА: Истатов – Ас унитед 0:1, Скопје – Борец 10:0, ДЕНЕСКА: Деспина – Саса, Речица – Тиверија, Љуботен – Кочани.
ТАБЕЛА: Љуботен 31, Саса 28, Ас унитед 25, Тиверија и Деспина 24, Скопје 22, Истатов 12, Речица 7, Шкендија 4, Борец 3, Кочани 2, Кул здравје 0.
СТАРТУВААТ ТРЕТОЛИГАШИТЕ
Во Третата фудбалска лига – Југ е 12. коло, прво пролетно. На програмата е денеска во 14 часот. Интересно ќе биде во Бучин, каде истоимениот домашен тим го пречекува силното Големо Коњари. Лидерот и убедливо најмоќен во оваа лига Вардар, во Неготино игра со Марена. Други мечеви: во Градско Локомотива – Превалец, во Лажани Слога – Младост, во Росоман Росоман – Канатларци и во Крушево Питу Гули – Обршани.
ТАБЕЛА: Вардар 33, Питу Гули 28, Големо Коњари 25, Превалец 22, Росоман и Слога 17, Марена 12, Локомотива 11, Бучин 9, Младост 7, Обршани 6, Канатларци 2.