Фудбал

ЗБОГУМ ЗА НЕКОГАШНИОТ ИГРАЧ И ТРЕНЕР НА ПОБЕДА!

На 77 години почина Томе Ѓорѓиев, некогашен фудбалер и тренер на Победа. Како фудбалер одигра во нападот од 1966 до 1970 година, во Втората југословенска лига. Беше учесник во најуспешната првенствена сезона, кога екипата за малку не успеа да влезе во прволигашкото друштво. Се памети подвигот во Суботица, над Спартак со 3:2.

Тренер на Победа Витаминка беше во првата првенствена сезона 1992/93 на тукушто оформената Прва лига на Македонија. Пролетта 1993 година Победа Витаминка стигна до полуфиналето од Купот на Македонија.

Роден е во Битола во 1946 година.

Од категоријата

ОДМОР УШТЕ ТРИ ДЕНА!

Зоран Иге

ПОБЕДА: ДВАЈЦА СО ИСТО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ!

Зоран Иге

(аудио) ТРЕНЕРОТ НА КУМАНОВО: ПОБЕДА Е ФАВОРИТ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе