Фудбал

ОД ДЕНЕШНОВО КОЛО ЗАВИСИ РАСПОРЕДОТ

Денешново 22. коло од Првата фудбалска лига на Македонија е последно од вториот круг, а табелата што ќе произлезе е основа за распоредот во третиот круг. Во следното 23. коло екипите од горниот дел на табелата ќе играат на домашен терен со екипите од долниот дел. Според тоа, првиот игра со седмиот, вториот со осмиот, третиот со деветттиот, четвртиот со десеттиот, петтиот со единаесеттиот, а шестиот ќе биде слободен, со оглед на неучеството на 12. екипа во лигата.

ДЕНЕШНО 22. КОЛО ОД 14 Ч.: Академија Пандев – Победа, Скопје – Македонија ЃП, Струга – Шкупи, Силекс – Брегалница, Шкендија – Работнички. ТАБЕЛА: Струга 39, Шкупи 38, Шкендија и Силекс 32, Тиквеш 28, Брегалница 26, Македонија ЃП и Работнички 24, Академија Пандев 16. Победа и Скопје 13.

Мечот Академија Пандев – Победа, кој ќе го суди Крумислав Ѓорѓиев (Штип), а му помагаат Душко Панов (Кавадарци) и Петар Новачев (Велес) е со телевизиски пренос на Спортклуб 2.

Од категоријата

ПРИЛЕП: ПЕТНАЕСЕТ ГОЛА ЗА ПОЧЕТОК!

Зоран Иге

ПРИЛЕПСКО ДЕТЕ ОД 16 ГОДИНИ ЗАИГРА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ!

Зоран Иге

(видео) МОЖЕ ЛИ ОВАА СЛОГА ДО ВРВОТ?

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе