Фудбал

ВО ПРИЛОГ НА ШТИПЈАНИТЕ Е ТАБЕЛАТА, НА ПРИЛЕПЧАНИТЕ – ТРАДИЦИЈАТА!

Вчера почнатиот трет круг од Првата фудбалска лига на Македонија, денеска продолжува. Во Штип се игра мечот Брегалница – Победа. Ако се погледне формата и изгледот на табелата, домашните се фаворити и со право очекуваат триумф. Но, гостите имаат право на надеж, ако се земе предвид како поминаа претходните два дуела. Потсетуваме, во Прилеп на  11 септември беше 1:0 за Победа, а во Штип на 11 декември беше нерешено 2:2.

БРЕГАЛНИЦА: Шкекиќ, Мојсов, Ристевски, Ѓорѓиев, Николов, Додев, Андонов, Алтипармаковски, Левалива, Силјановски, Калпачки. Тренер: Анѓел Темелков.

ПОБЕДА: Котевски, Стомнароски, Паноски, Делибашиќ, Адили, Трајкоски, Чајани, Наумоски, Ѓурковиќ, Дујовски, Фавахри. Тренер: Благојче Дамевски.

Од 23. рунда вчера беше мечот Силекс – Скопје 3:1, а денеска (14 ч.) играат: Брегалница – Победа, Струга – Македонија ЃП, Шкупи – Работнички и Шкендија – Академија Пандев. ТАБЕЛА: Струга 42, Шкупи 38, Шкендија и Силекс 35, Брегалница 29, Тиквеш 28, Македонија ЃП 25, Работнички 24, Академија Пандев 19. Скопје 14, Победа 13.

Од категоријата

СТОПЕРОТ НА ПОБЕДА ВО НОВА УЛОГА!

Зоран Иге

ФУДБАЛ, А ПАДНАА 14 ГОЛА!

Зоран Иге

СУДИЈАТА УДРЕН ВО МАРЕНА, ГОЛЕМО КОЊАРИ СО ДВА ГОЛА МУ „ЧЕСТИТА“ НА ВАРДАР!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе