Немаше никакво изненадување попладнево во Штип, каде Брегалица со 4:0 ја совлада Победа, во 23. рунда на Првата фудбалска лига на Македонија. Домашните на почетокот од првото полувреме набрзина дадоа два гола преку Дарко Додев во 3. и Даниел Мојсов во 12. минута. Гостите правеа неуспешни обиди да возвратат. Сите надежи им ги сруши Иван Николов во второто полувреме со гооловите во 61. и 67. минута.
РЕЗУЛТАТИ, ВЧЕРА: Силекс – Скопје 3:1. ДЕНЕСКА: Брегалница – Победа 4:0, Струга – Македонија ЃП 0:0, Шкупи – Работнички 3:1 и Шкендија – Академија Пандев 2:1.
ТАБЕЛА: Струга 43, Шкупи 41, Шкендија 38, Силекс 35, Брегалница 32, Тиквеш 28, Македонија ЃП 26, Работнички 24, Академија Пандев 19. Скопје 14, Победа 13.
ИДНО 24. КОЛО (сабота, 18 март во 15 ч.): Победа – Силекс, Тиквеш – Македонија ЃП, Скопје – Шкендија, Академија Пандев – Шкупи, Работнички – Струга.
——————————————————