Кошарка

ПОБЕДИЈА 12 ПАТИ, ИМ СЕ СМЕТААТ 11!

Тимот на Мега баскет со убедливи 99:84 го совлада ИБА баскет од Скопје, во 15. рунда на кошаркарската Трета лига Б-група. Во салата од ООУ “Добре Јованоски” прилепскиот тим уште еднаш покажа дека е надмоќен во оваа лига и со право целта е пласман во второлигашкиот ранг. Беше 12. победа на во ова првенство, но службено се сметаат 11 победи, со оглед на тоа што се избришани сите резултати на скопскиот Албес, по исклучвањето за непрописно однесување на два меча. Така, до крајот има уште три меча и Мега баскет може да стигне до максималните 14 победи, во пресрет на плеј-офот.

РЕЗУЛТАТИ ОД 15. КОЛО: Мега баскет – ИБА баскет 99:84, Спарта – Тетекс 63:70, Дибра иглс – Хераклеа 78:73. ИДНО КОЛО: Тетекс – Мега баскет, Љуботен – Дибра иглс, Хераклеја – Спарта.

ТАБЕЛА: Мега баскет 22,  Тетекс 21, Гостивар 2 и ИБА баскет 18, Хераклеја 17, Дибра иглс 16, Спарта 15, Љуботен 10.

Од категоријата

ПЛЕЈ-ОФ: МЕГА БАСКЕТ Е ПОДГОТВЕН ЗА ТРИУМФ ПРОТИВ СКОПЈАНИТЕ!

Зоран Иге

(фото, состави, стрелци) КРСТЕСКИ СО 39 ПОЕНИ!

Зоран Иге

ПРИЛЕПЧАНИТЕ НЕМА КОЈ ДА ГИ ЗАПРЕ, ТРИ ОД ТРИ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе