Фудбал

ИГРАТА ПОДОБРА – РЕЗУЛТАТОТ ПОЛОШ!

Сите што не го гледале мечот Победа – Силекс (1:5), можат да претпостават дека домашниот тим одиграл послабо отколку пред две недели кога на истиот терен кратовчаните победија со 4:1. Не е беш така. За тоа се сведоци околу 400-500 луѓе што беа на трибината од Градскиот стадион „Гоце Делчев“ во Прилеп. Сведочи и видео-извештајот. Екипата на Победа имаше извесно подобрување на играта во споредба со тој претходен пораз од Силекс. Во првиот дел забележавме неколку опасни ситуации пред гостинскиот гол, иако Силекс водеше со 2:0. Во второто полувреме 30 минути се водеше голема борба на теренот, период во кој Победа намали на 2:1 и се очекуваше израмнување. Слабостите на екипата се видоа по примениот трет гол во 75. минута и во финишот кога се расипа впечатокот со конечните 1:5.  Така, може да се каже дека Победа имаше подобра игра, но полош резултат отколку пред две недели со истиот противник.

Паузата во првенството е до 2 април, кога Победа е гостин на Шкендија во Тетово.

Од категоријата

ПОБЕДА СО НОВИ НАДЕЖИ КОН КРАТОВО

Зоран Иге

ФУДБАЛ, А ПАДНАА 14 ГОЛА!

Зоран Иге

ВАКОВ РЕЗУЛТАТ НЕ СЕ ОЧЕКУВАШЕ!

Зоран Иге

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. ДА Повеќе