Продолжува трката за високите позиции на табелата во Првата фудбалска лига, но и за местата кои обезбедуваат опстанок, особено за 10. место кое значи бараж. Двата тима што водат долга борба, практично од почетокот на првенството, Победа и Скопје, загубија. Покрај Победа која вчера со 1:5 дома загуби од Силекс, попладнево и Скопје со 0:2 е поразено од Шкендија. Така, надежите се и кај двата ривала за избегнување на последното место.
ТАБЕЛА: Струга 46, Шкупи 42, Шкендија 41, Силекс 38, Брегалница 32, Македонија ЃП 29, Тиквеш 28, Работнички 24, Академија Пандев 20. Скопје 14, Победа 13. Во следното коло на 2 април: Шкендија – Победа, Шкупи – Скопје.